УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
КИНЕМОЕ е онлајн платформа која е наменета за промоција и прикажување на македонска продукција и е во сопственост на СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 7464592 со седиште на ул. Кузман Капидан бр.28 Скопје и ЕДБ 4044020517958.
Услугата која ја нуди платформата КИНЕМОЕ е пристап до содржините на платформата преку копјутери,паметни телефони, таблети и други слични уреди преку интернет врска.
Содржната на платформата се содржи од филмови, серии и дргуа аудиовизуелна содржина во македонска продукција која постојано ќе се ажурира и обновува со цел задоволување на апетитите на корисниците на платформата.
Содржините на платформата се достапни од секаде во светот каде има техничка можност за пристап до платформата.
Секој корисник може да биде логиран и да гледа само од еден уред истовремено. Забрането е користење на услугата во комерцијални цели или пак на било каков начин е забрането преземање и пренесување на содржината од самата платформа.
За корисникот да ја користи услугата потребно е да има соодветна опрема и интернет врска, трошоците за истите се на товар на корисникот.
Со самата регистрација на платформата, ќе се смета дека корисникот склучил Договор, свесно и доброволно, под уловите кои се лесно и јавно достапни на самата платформа. Корисникот е запознаен дека неговите лични податоци се обрботуваат согласно позитивните законски прописи на Република Македонија.
Договорот меѓу корисникот и платформата се смета за склучен кога корисникот ќе добие потврда за нарачката, односно потврда за почеток на користењето на услугата.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ го задржува правото еднострано да го раскине договорот со корисникот доколу корисникот ги прекржи општите правила за функционирање на платформата.
За користење на Услугата, се бара корисникот да се регистрира со важечка е-пошта. Регистрацијата на корисничката сметка мора да се изврши на Територијата со користење на кредитна/дебитна картичка или друг метод на плаќање достапен на веб-страницата. Областа од која корисникот пристапува на Услугата се определува според ИП-адресата. Податоците на ИП-адресите можат повремено да бидат промеливи. Корисниците обезбедуваат целосни и точни информации за себе и за начинот на плаќање: име, презиме, е-пошта, лозинка, број на кредитна / дебитна картичка, код CVV / CCV, датум на истекување на кредитна / дебитна картичка и име на сопственикот на картичката.
Корисникот ќе плати еден месечен надоместок/ претплата во виснина од199 денари и ќе добие месечн пристап (30 дена) за прегледување на содржините.
Месечниот надосместок/ претплата се плаќа картично преку соодветен систем на наплата.
Цената од 199 денари е фиксна цена со ДДВ која купувачот ја плаќа за да обезбеди пристап на платформата. За плаќање од странство цената останува иста, но банката од која корисникот ќе плаќа го одредува курсот на валутата со која се плаќа износот од 199 денари.
Плаќањето е картично преку кредитна или дебитна картична MasterCard или Visa.
Податоците од вашата платежна картичка не се достапни за нас, тие дирекно се пренесуваат до банката преку безбедносен систем. За нас се достапни само вашето име и презиме, последните четири броеви од платежната картичка и сумата која сте ја платиле.
Договорот се склучува на еден месец (30 дена) и претплата која се плаќа се однесува на тој период.
По истекот на периодот корисникот е потребно повторно да изврши плаќање преку својот профил за да му се обнови правото на користење во следниот месец. Неговиот профил нема да биде избришан, но доколку не изврши доброволно плаќање корисникот нема да има право на пристап до содржините.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ го задржува правото да го ракине договорот доколку корисникот не ги почитува општите услови за користење на платформата.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ го задржува правото да ја промени цената за користење на платформата на месечно ниво, но не и за корисниците кои имаат активна претплата, односно го подмириле месечниот надоместок пред цената да биде променета.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ нема право на дополнителна наплата на средства по било кој основ различни од цената која била пропишана за плаќање на месечна претплата на активните корисници.
Корисникот ќе биде известен за измените поврзани со висината на надоместокот или содржината преку е-пошта наведена од страна на Корисникот најдоцна во рок од триесет (30) дена пред таквите измени да стапат на сила. Заедно со таквата измена, Корисникот има право да го раскине Договорот со дејствие на ден кога измената ќе стапи на сила.
Корисникот се обврзува да ја извести СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ за секој прекин или за некоја друга грешка на Услугата, што е можно поскоро, а најдоцна во рок од седум дена од датумот на настанување.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ нема да биде одговорна за мешање и слаб квалитет или неспособност на услугата предизвикана од Корисникот со употреба на несоодветна или неисправна опрема, исто така нема да биде одговорна за намалување на квалитетот на дадената услуга и прекини, одложувања или други грешки доколку настанале поради објективни причини што не може да се предвидат, избегнат или отстранат (виша сила).
Корисниците немаат право на никаков надомест во случај на мешање, прекинување и други грешки на Услугата, кои се резултат на редовно одржување на системот. (редовно или итно одржување на системот)
Сите корисници можат да ги користат содржините само во согласност Услови за користење јасно истакнати на платформата.
СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ има склучено Договори врз основа на кои има право на емитување на содржините достапни на платформата.
Доколку се потврди дека корисникот ја користи или дистрибуира содржината без дозвола СИНЕМОМ МЕДИА ФАКТОРИ има право привремено и без предупредување да го забрани пристапот до таа содржина на корисникот, и да започне судска процедура со цел да добие обештетување.
Сите спорови меѓу СИНЕМОН МЕДИА ФАКТОРИ и корисниците ќе се решаваат по мирен пат, доколку тоа не е возможно, споровите ќе се решаваат пред надлежен суд во Скопје.
Корисниците имаат право на одредена заштита на потрошувачите и примена на други обврзувачки одредби врз основа на правото на Република Македонија.
Корисникот е должен да ги ажурира своите контакт информации, доколку тие се сменат во текот на користењето на услугата. Ќе се смета дека КИНЕМОЕ ја исполнило својата обврска за давање известувања со праќање на известувања на последна дадена адреса за е-пошта на корисникот, без огледа на тоа дали Корисникот сѐ уште ја користи таа адреса или таа повеќе не се користи.